За проектот

 

Јазичното студио ЛИНГВА е дел од Еразмус проектот за стратешко партнерство заедно со вкупно 8 европски држави и тоа: Италија, Шпанија, Хрватска, Литванија, Кипар, Грција и Бугарија. Проектот носи наслов  PROWOMEN ПРЕДЛОЗИ И СТРАТЕГИИ ЗА ПРЕТПРИЕМАЧКИ ВЕШТИНИ КАЈ ЖЕНИТЕ.

 

Целна група на проектот се млади мајки со деца кои се во потрага во вработување последователно по породилното отсуство коишто се среќаваат со два типа на проблеми: да најдат работа и притоа да ги усогласат работните со семејните обврски. Проектот се базира врз претходни статистички истражувања во доменот на невработеноста на жените во неколку европски држави и истиот има за цел да им помогне на младите мајки кои се соочуваат со проблемот на невработеност преку иновативни, креативни и ефективни курсеви за развивање на нивните јазични, информатички и претприемачки вештини со цел истите да добијат идеја за HOME BASED BUSINESS на крајот од проектот. Притоа,  активно се промовира женското претприемништво како и јазичната разноликост и интеркултурна трпеливост во Европа.

 

Учесничките ќе следат обука за развивање на нивните информатички компетенции. Притоа ќе имаат и можност да ги развијат своите претприемачки вештини преку директен контакт со неколку добри практики за бизнис. Сето тоа ќе допринесе за развивање на професионалните компетенции на жените учеснички во проектот со што ќе одговорат на предизвикот што го нуди пазарот на трудот и притоа да бидат компетитивни во дејноста во која ќе ја промовираат својата бизнис идеја.

Најдобрите 4 бизнис идеи од учесничките ќе бидат прикажани на завршната конференција во Атина во 2017 година.

 

Во рамките на проектот предвидени се 5 меѓународни работни средби на земјите учеснички, и тоа во Италија, Хрватска, Шпанија, Кипар и Грција.

 

http://tera.mk/studio-lingva-del-od-erazmus-proekt-za-obuka-na-mladi-majki/