Aктивности

 

Активностите поврзани со проектот опфаќаат организација на транснационални работни средби како и локални активности кои ќе ги работи секоја партнерска организација. Работните средби ќе бидат можност за стекнување на нови искуства, споделување на методологии, истражување на одредени теми и координирање на проектот.

 

Проектот ќе опфати генерален и интердисциплинарен пристап, преку примена на експериментални и интерактивни методи кои ќе бидат во прилог на кооперативното учење.

 

Партнерите заеднички ќе креираат модул за обука за развој на основни претприемачки вештини кој ќе биде тестиран во секоја земја партнер преку група од 15-25 жени-мајки. Потоа, секоја партнерска организација ќе поттикне дел од жените учеснички да развијат бизнис план за Бизнис-од-дома кој ќе биде поддржан за основање на компанија.  Информатиката ќе биде користена не само во рамките на процесот на учење, туку и за интерна комуникација меѓу партнерите, како и за видливоста на проектот.