Цели на проектот

 

Општи цели

Партнерството  ќе допринесе за примена на ефективна стратегија за развивање на вештини на целната група  “жени-мајки” кои покажуваат интерес да ги комбинираат работните и семејните обврски преку наоѓање на иновативни солуции за Бизнис-од-дома, како и за следење на обука од страна на целната група којашто ќе им овозможи развивање на основни вештини за промоција на претприемништвото.

Партнерството ќе допринесе за промоција на јазичната разновидност и интеркултурна свест во ЕУ.

 

Посебни цели

Посебните цели се насочени кон стекнување на соодветни методологии и вештини за самовработување од дома кај потенцијалните жени идни претприемачи. Посебните цели се дадени во прилог:

Развој на лични особини и вештини кои се клучни за претприемништвото;

Сенсибилизација на учесничките со поимот самовработување и претприемништво како можни избори за градење на кариера;

Стекнување на основни вештини и познавања за тоа како се почнува и како се води бизнис од дома;

Стекнување на потребните трансверсални компетенции: развој на интерперсонални компетенции, решавање на проблеми, претприемнички дих, стекнување на вештини за користење на странски јазик и компјутери, итн, што ќе допринесе за трансформирање на знаењето во ефикасно работно однесување.